Премиерот Никола Груевски денеска во Пекинг ќе се обрати на бизнис форум во рамки на политичко-економска посета на Народна Република Кина.
Премиерот Никола Груевски денеска во Пекинг ќе се обрати на бизнис форум во рамки на политичко-економска посета на Народна Република Кина.
Бизнис форумот е организиран од Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија и соработка, предводен од претседателот Ван Џифеи.
Во рамките на форумот ќе биде потпишан и меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот и Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија и соработка.
Македонската делегација предводена од премиерот во рамки на посетата ќе оствари средба и со премиерот на Народна Република Кина, Вен Џиабао и ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форуми за привлекување странски инвестиции и претставување на можностите за инвестирање во Македонија во Пекинг, Ченгду, Шангај и Хонг Конг.
Груевски во Кина е придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Висар Фида.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град