Рибни конзерви од „Подравка“ опасни по здравјето

Подравка повлекува од продажба конзерви риба поради зголемено количество хистамин.

 |  Маја Савиќ  | 
eva skisa
Ева скуша

Фирмата од Копривница, „Подравка“ го повлекува од продажба производот „Ева скуша“, филети во билно масло од 115 грама, бидејќи лабараториските испитувања покажале дека содржи поголемо количество хистамин, кој може да биде опасен по човековото здравје и да предизвика алергиска реакција.
Проблематична е серијата со број 31012011, со рок на употреба до 31.01.2015 година. Лабораториските анализи покажале дека една од деветте анализирани состојки во конзервата ја има во поголемо количество отколку што е предвидено со правилник. Човечкото тело не може да го разгради хистаминот, па тој му предизвикува алергиска реакција што се манифестира со главоболки, чешање на очите, астма, црвенило, чешање по кожата, намалување на крвниот притисок.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство која ја врши контролата на целокупната храна во Македонија досега немаат излезено со информација дали во Македонија има во промет од соодветната серија на производот кој е повлечен од продажба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top