Ревија на кратки и документарни филмови од најновата македонска продукција, започнува во вторник вечер во Кинотеката на Македонија.
Во организација на Филмскиот фонд на Македонија и Кинотеката на Македонија до 15 октомври ќе бидат прикажани 10 филмови кои беа поддржани од Филмскиот фонд и Министерството за култура на Република Македонија.
Ревијата стартува со премиерната проекција на документарниот филм „Далеку од дома“ на Чедо Поповски и краткиот анимиран филм „Внатре“ на Иван Ивановски.
Во наредните четири дена ќе бидат прикажани кратките играни филмови „Еден“ на Вардан Тозија, „Поинаку“ на Александар Русјаков и „Маратонист“ на Роберт Бачај; документарните „Погледни го животот низ моите очи“ на Марија Џиџева, „Отворени гробови“ на Драги Савевски, „Чедо“ на Аљоша Симјановски, „Кадаре“ на Алберт Дило и „Илинденски марш“ на Бранислав Поповиќ.
Проекциите започнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град