Решение на повидок?

Точно на еден час претпладне во земјава ќе се одржат два значајни настана. Во Советот на јавни обвинители 12. помошници во новото специјално обвинителство ќе дадат свечена заклетва, а во Клубот на пратениците партиите повторно седнуваат на заедничка маса за реализацијата на договорот од Пржино.

lideri

Точно на еден час претпладне во земјава ќе се одржат два значајни настана. Во Советот на јавни обвинители 12. помошници во новото специјално обвинителство ќе дадат свечена заклетва, а во Клубот на пратениците партиите повторно седнуваат на заедничка маса за реализацијата на договорот од Пржино.

liderskaЕден час претпладне во земјава денеска ќе се одржат два значајни настана. Првиот е закажан во Советот на јавните обвинители, каде што во 11 часот конечно заклетва ќе дадат 12 обвинители кои ќе го сочинуваат тимот стручни помошници на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Вториот настан, пак, ќе се случува на веќе познатата адреса, во Клубот на пратениците, каде што исто така во 11 часот треба да се состане работна група од политичките партии.

По еден месец натегања, Советот вчера одржа седница на која донесе значајна одлука, со која се откочи процесот за реализација на договорот од Пржино. Наместо седум, јавните обвинители одобрија петмина дополнителни помошници за Јанева.
Новоизбраните обвинители-помошници за во специјалното обвинителство се Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство – Скопје, како и Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал. Тие им се придружуваат на седумте обвинители избрани претходно: Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.
Како што истакна претседателот на Советот, Петар Аневски, петтемина избрани обвинители се на предлог од Јанева, со кој таа вчера побарала комплетирање на нејзиниот тим.

gruevski– Има писмо со објаснети детали во кои кажува дека оние лица што учествувале во работење на одредени предмети претходно во ОЈО и, евентуално, доколку се појават конфликт на интереси, тие веднаш да бидат заменети со други јавни обвинители. Има наведено повеќе очки и тие за Советот беа прифатливи – рече Аневски по изборот на новите обвинители.

Јанева уште вчера најави дека до крајот на годинава се очекуваат првите обвиненија а, како што пренесоа домашни медиуми, таа веќе работела на повеќе од 30 предмети, за кои постојано добивала нови сознанија и материјали.
Во прилог на договорот од Пржино оди и најавата дека на иста маса денеска ќе седнат претставниците од политичките партии што се во работната група, која се занимава со прашањата поврзани со Законот за влада.
Блегискиот медијатор Питер Ванхауте, повторно со остар тон најави дека партиите мораат да се согласат и да се договорат за нешто, зашто во спротивно договорот од Пржино, всушност, пропаѓа.

– Работната група ќе се состане утре во 11.00 часот. Каков било договор треба да биде поддржан од сите четири партии. Во спротивно, ќе нема договор – изјавил вчера Ванхауте .

lideriНа билатералните средби што се одржувале во текот на вчерашниот ден бил постигнат поголем напредок во несогласувањата околу Законот за влада. Според планираното од Пржино, опозицијата треба да предложи двајца министри и тројца заменици-министри, кои ќе треба да влезат во составот на новата влада.

Сепак, според партиски извори, најголемото ново сопнување е околу предложениот закон со кој би се забранило понатамошното објавување на прислушуваните разговори, а кои опозицијата планира да ги употреби во предизборната кампања. Натегања има и за законот за свиркачите.

Од дипломатски извори, како и од извори од политичките партии, наголемо се шири ставот дека деновиве конечно ќе биде постигнат договор и дека ќе се реализира тоа што е договорено во Пржино, за на 24 април догодина да се одржат предвремените парламентарни избори.

Вчера и лидерот на СДСМ изјави дека договорот се очекува да биде постигнат деновиве.

– Има сериозно придвижување на разговорите. Работните групи ги одржуваат состаноците, помошта е добредојдена и сè уште е водечка од Европската унија и од САД. Нормално, овде помагаат и другите амбасади, како и Питер Ванхауте. Јас очекувам дека овие денови конечно ќе заокружиме и ќе постигнеме договор, согласно она што го очекува јавноста – изјави Заев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top