Во Охрид денеска ќе се одржи еднодневен регионален форум на МАРРИ.
Во Охрид денеска ќе се одржи еднодневен регионален форум на МАРРИ иницијативата на кој ќе се обратат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот црногорски колега Јусуф Каламперовиќ, чија што земја е следен претседавач со иницијативата.
Предвидено е на форумот да бидат разгледани досегашните активности на МАРРИ центрите со посебен осврт на изминатата година кога претседавач со иницијативата беше МАРРИ регионалниот центар Скопје. На Форумот ќе бидат презентирани и усвоени нови МАРРИ документи за поквалитетно реализирање на зацртаните цели и задачи, а се очекува да биде усвоена и заедничка декларација.
Најавено е присуство и на претставници на Чешката Република како актуелен преседавач со Европската унија, на Европската комисија и на Регионалниот совет за соработка.
МАРРИ иницијативата е регионална асоцијација на шест земји од Балканот и тоа Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град