Разрешен директорот на Државниот пазарен инспекторат

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Сашо Аќимовски со одлука на Владата е разрешен од функцијата прв човек на оваа институција.

Saso Akimovski
Сашо Аќимовски

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Сашо Аќимовски со одлука на Владата е разрешен од функцијата прв човек на оваа институција.

Во соопштението од владината прес служба, се наведува дека и покрај тоа што досегашниот директор на пазарниот инспекторат покажа значителни позитивни резултати во доменот на своето работење, поради јавно објавената снимка во која е содржан компромитирачки разговор на Аќимовски, Владата одлучи заради морална и политичка одговорност да го разреши од неговата позиција.
Министерството за внатрешни работи најави дека ќе постапи соодветно на законските процедури доколку во наредниот период биде доставена пријава за штета од овој разговор на директорот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top