Пунктот за бездомници во „Момин поток“ Скопје опремен со душеци од компанијата Comodita Home. Со оваа донација за Црвен Крст компанијата ја заокруши својата општествено одговорна мисија под мотото „Секој сон е важен“. Во рамки на хуманитарната акција Комодита подари над 1500 душеци, во вредност од над 100 000 евра на болници, детски домови и социјално загрозени семејства.
Вредна донација од Comodita Home, за Црвен Крст на Град Скопје. Денес пред Пунктот за бездомници во „Момин Поток“ Comodita Home најголемиот малопродажен ланец за производи за домот, донираше душеци за Црвен Крст на Град Скопје, во вредност од над 2 милиони денари.
Во името на Црвен крст на град Скопје и Македонија се заблагодари Александра Ристовски.
Споменавте за предизвици за проблеми, за тешка година, можеби сме едни од оние кои како организација, како чинители во општеството кои тоа најмногу го почувствуваа, бидејќи кај нас во нашите простории се обратија многу лица, многу корисници коишто и претходно биле регистрирани како социјално ранливи семејства, но за жал и категории корисници коишто можеби живееле еден нормален животен тек, заради пандемијата изместен – истакна Ристовски.
Оваа донација е само една од низата остварени донации од Comodita Home со која оваа општествено одговорна компанија успешно ја завршува својата мисија под мотото „Секој сон е важен“.
Харитон Гаџоски, претставник од Comodita Home, посочи со која динамика се одвивале сите хуманитарни настани, предвидени и остварени за 2021-та година.
Со донациите почнавме на Детска Клиника Козле, а потоа дониравме во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, Градската Општа Болница-Хирургија Св.Наум Охридски и на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Притоа, помагавме преку соработка со Општините и на социјално загрозени граѓани, во детски домови, ковид центри, болници и секаде каде оценивме дека компанијата треба хумано да делува. Вкупната донација на Comodita Home на сите овие установи е над 1500 душеци, во вредност од над 100 000 евра – информираше Гаџоски.
Comodita Home најавува и во Новата 2022 година многу нови успешни хумани проекти и дека ќе биде и понатаму пример за сите останати компании со своето хумано дејствување.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град