Промовирана интернет страницата “Органска Македонија“

Министерството за земјоделство во соработка со Федерацијата на органски производители изработи специјализирана интернет страница за органско производство.

 |   | 
organska hrana
органска храна

organska hranaМинистерството за земјоделство во соработка со Федерацијата на органски производители изработи специјализирана интернет страница за органско производство.

Страницата  www.organicmacedonia.org.mk е алатка која ќе ги даде основните информации за органската храна и на полесен начин, непосредно или директно, ќе ги поврзе потрошувачите со фармерите.

Страницата нуди информации за количествата и за местата каде можат да се купат органски производи.

Македонија располага со 3.000 хекатри органски житарици, околу 1.000 хектари фуражни култури, 350 хектари овоштарници, 245 хектари лозови насади и 200 хектари градинарски култури. Забрзано се развива и органското сточарство. Во 2009 година како орагански беа сертифицирани 377 грла крупен добиток, а лани  нивниот број изнесуваше над 2.500.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top