Прогнозите на MMF за Македонија

За гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, реална е прогнозата во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) .

MMF
ММФ

За гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, реална е прогнозата во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека економскиот раст во РМ годинава ќе биде 2, а следната 3,2 проценти.
 
logoГувернерот деновиве е учесник на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон. Богов очекува на овие средби да биде зголемен буџетот на Фондот за 400 милијарди долари и да стане достапен и за земјите надвор од евро-зоната.
Тој смета дека светот ја преброди должничката криза по преземените мерки во евро-зоната, иако не се отстранети сите ризици.
Според неговото мислење стабилноста на денарот не е загрозена и имаме исклучително стабилно ниво на девизни резерви и стабилност во платниот биланс.

– Цврсто остануваме на политиката на стабилен курс на денарот, а преку тоа остваруваме инфлација на нивото на земјите од евро-зоната – вели Богов за Гасот на Америка на македонски јазик.

Тој уверува дека нивото на задолженост во Македонија е многу ниско.

– Задолженоста на населението е околу 17 проценти од бруто-домашниот производ (БДП). Во други земји, па и во најразвиените, тоа изнесува 100 отсто. Кај земјите во регионот таа задолженост е многу повисока, околу 30-40 проценти – појаснува тој.

Одговарајќи на прашањето за тоа колку грчката финансиска криза го погоди македонското стопанство, гувернерот на Народната банка посочи дека македонскиот извоз се прилагодува на новонастанатата состојба.

– Извозот на Македонија кон Грција е спуштен на 5 проценти од вкупниот извоз на земјата. Во 2007 г. тој учествуваше со 15% од вкупниот извоз. Во моментов има тренд на пренасочување на досегашниот македонски извоз од Грција кон други западноевропски, пред се растечки економии – вели Богов.

Очекувањата се, подвлекува, дека во вториот период од 2012 година ќе има закрепнување во евро-зоната, а таквиот позитивен тренд поволно ќе се одрази и врз заживувањето на македонската економија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top