Прогласена епидемија на мали сипаници во цела држава

Министерството за здравство на предлог на Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на мали сипаници – морбили на целата територија на Македонија бидејќи досега се регистрирани 678 случаи заболени од ова високо преносливо вирусно заболување.

 |   | 
vakcina
вакцина

Министерството за здравство на предлог на Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на мали сипаници – морбили на целата територија на Македонија бидејќи досега се регистрирани 678 случаи заболени од ова високо преносливо вирусно заболување. Според податоците на ресорното министерство речиси две третини од Македонија каде живее 50 отсто од населението имаат заболени лица од мали сипаници, што е причина за прогласување вонредна состојба.

vakcinaМинистерот за здравство Бујар Османи информира дека Комисијата за заразни болести донела одлука да се вакцинираат со МРП сите лица од шест месеци до 40 години кои досега не ја примиле вакцината, особено најранливата група на деца до пет години.
-Вонредно ќе бидат вклучени сите човечки и материјални фактори, за заболените и за сомнителните случаи да бидат пуштени посебни влезови во болниците. Ќе биде ограничена и посетата на болните од морбили – вели Османи и додава дека нема потреба од паника бидејќи, како што рече, состојбата е целосно под контрола. Министерот смета дека сепак треба да се внимава бидејќи актуелната состојба е специфична, пред се заради постојаното зголемување на бројот на заболени.

Тој нагласи дека ќе се ангажираат дополнителни материјални и човечки ресурси со цел рано детектирање и спречување на ширење на заразата. Османи препорача матичните лекари да го пријавуваат секој забележан случај на морбили до институтите за јавно здравје, со цел следење на ситуацијата.
-Ќе се отворат пунктови низ градовите и селата, за да може граѓаните да ги користат нивните услуги, односно да направат прегледи и без здравствена книшка-вели д-р Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести. Според неа од вкупниот број на заболени, 95 отсто се невакцинирани од МРП, а мал дел од нив се вакцинирани, но само се една доза, од потребните две.

Во Скопје, од вкупно 424 случаи на заболени од морбили, 30 се хоспитализирани, од кои пет случаи се деца од една до девет години, 19 случаи се на возраст од 20 до 30 години, а останатите се дечиња под една година. До сега нема регистрирано смртни случаи.
Почетокот на болеста се карактеризира со висока температура, малаксаност, црвенило на очите, течење на секрет од носот и сува кашлица. Карактеристичниот исип се јавува на лицето два до четири денови од почетокот на симптомите. Во овој период, телесната температура може да биде и до 40 степени и исипот се шири по телото и екстремитетите, а се губи по пет до седум денови.Најчести компликации од мали сипаници се пневмонија и дијареа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top