Проект на владата на Р.М. „Ден на идеи“

Владата на Република Македонија во рамки на своите заложби за активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање политики и подобро функционирање на општеството и државните институции, денеска продолжува со реализација на проектот „Ден на идеи“.

Vlada RM
Vlada RM

Владата на Република Македонија во рамки на своите заложби за активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање политики и подобро функционирање на општеството и државните институции, денеска продолжува со реализација на проектот „Ден на идеи“.

Целта на проектот е да се охрабрат граѓаните на Македонија преку изнесување на корисни идеи, предлози, проекти и мерки од сите сфери на општественото живеење, директно да учествуваат во спроведувањето и реализацијата на владините политики, придонесувајќи на тој начин во подобрувањето на состојбите во сите сегменти на секојдневното живеење и делување.
Во просториите на Владата во периодот од 12 до 17 часот ќе бидат присутни претседателот на Владата Никола Груевски и сите министри, на кои граѓаните директно ќе можат да им ги претстават своите идеи, предлози, мерки и проекти.

Vlada RMПроектот „Ден на идеи“ ќе се спроведе и во сите градови на државата во периодот од 12 до 18 часот на пунктови поставени од страна на ресорните министерства на главните градски плоштади, на кои граѓаните ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи и предлози. На градските плоштади за оваа намена ќе биде поставено и поштенско сандаче каде граѓаните ќе имаат можност предлозите и идеите да ги достават во писмена форма.
Со проектот „Ден на идеи“, прв пат во историјата на Македонија на граѓаните им се дава можност со свои прдлози и идеи активно да учествуваат во креирањето на политиките и на тој начин директно да придонесат за подобрување на општественото живеење.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top