Хрватскиот истражувач Домагој Николиќ наредните денови во земјава ќе биде дел од интернационалниот експертски тим со кој ќе се обиде да ја разреши мистеријата дали гробот на Александар Македонски се наоѓа во Овче Поле.
Хрватскиот истражувач Домагој Николиќ наредните денови во земјава ќе биде дел од интернационалниот експертски тим со кој ќе се обиде да ја разреши мистеријата дали гробот на Александар Македонски се наоѓа во Овче Поле.
Со ова, за прв пат во Македонија ќе се врши археоакустично и електромагнетно истражување, а се повикуваат и сите заинтересирани лица да дојдат на местото на настанот и да се запознаат со работата и научниците. Нема никакви рестрикции освен тоа дека мобилните на посетителите треба да бидат изгаснати бидејќи би можеле да предизвикаат пречки во работата.
Работите ќе се изведуваат под раководство на стручниот раководител за археолошки истражувања проф. д-р Драги Митревски. Неговиот стручен тим е составен од вработените во Градскиот Музеј во Свети Николе – Александар Арсов, историчар; м-р Владимир Атанасов, археолог и Александар Нацев, археолог. Интернационалниот експертски тим доаѓа со опрема од доо “Demiurg” од Загреб. Тимот го сочинуваат: д-р Слободан Миздрак, м-р Домагој Николиќ, д-р Паоло Дебертолис, д-р Велимир Абрамовиќ, д-р Аристотел Тентов, д-р Златан Аличевиќ, Хеики Саволаинен, Игор Томек и Никола Ристевски.
Инаку, тимот претходно има вршено истражувања во Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Италија, Велика Британија, Египет, Судан, Иран, Малта.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град