Продолжен рокот за попис на пчелни семејства

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека рокот за попис на пчелни семејства е продолжен до 15-ти јуни.

 |   | 

До 15 јуни е продолжен рокот за попис на презимени пчелни семејства, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство. Продолжувањето на рокот, како што соопштија од Агенцијата, е на барање на одгледувачите на пчели.

Со донесување на Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите, пчеларите кои досега не ја спровеле оваа активност во пчеларниците, тоа ќе можат да го сторат до средината на месецот и бројната состојба да ја пријават до ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски.

Евидентирањето на бројната состојба на презимени пчелни смејства во Ветеринарно информативниот систем на Агенција за храна и ветеринарство (ВИС), е услов за алицирање на одгледувачите на пчели за добивање на земјоделски субвенции.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top