Проблем напрвиот ден од полагањето екстерни тестови

На првиот ден од полагањето екстерни тестови, матурантите во цела држава кои се дел од процесот, чекале речиси два часа додека започнат да полагаат. Како што информираат некои директори, техничкиот проблем подоцна бил решен.

полагање

На првиот ден од полагањето екстерни тестови, матурантите во цела држава кои се дел од процесот, чекале речиси два часа додека започнат да полагаат. Како што информираат некои директори, техничкиот проблем подоцна бил решен.

– Електронскиот систем падна во сите училишта, не само кај нас. Во моментов полагањата се` уште траат. Тестовите се од различни предмети, зависи на кој што му се паднало – вели Александар Коцевски, директор на средното фискултурно училиште.

екстерноКако што информираат во Министерството за образование и наука, сџпоред информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, во овој момент процесот се одвива непречено, а во дел од училиштата е и целосно завршен.

Процесот на екстерна проверка на постигањата на знаењата на учениците ќе опфати вкупно 19.931 ученици од завршните години во средното образование кои ќе бидат тестирани по 1.662 предмети за кои беа генерирани и јавно достапни 85.000 прашања.

Минатата година процесот на екстерна проверка на постигањата на вкупно 20.567 ученици од завршните години (трета и четврта година) во 98 средни училишта.

Матурантите полагаат екстерни тестови сега, бидејќи во јуни треба да полагаат државна матура, која е услов за упис на факултет. останатите ученици во основното и средното образование, ќе полагаат екстерни тестови кон крајот на претстојната учебна година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top