За 33 лица фатени во акцијата „Бришач“ истражниот судија донесе мерка притвор во траење од 30 дена.
Меѓу нив се 17 -те полицајци, раководители на увидна екипа и крим техничари кои, според МВР, правеле лажни извештаи за наводни сообраќајки за исплата на оштета од осигурителни компании. На останатите во акцијата„Бришач“ им е одреден домашен притвор. Испрашувањата, пред истражните судии траеше до 4 часот утрината.
Во акцијата „Бришач“, полицијата соопшти дека има докази за 13 лажни сообраќајки за кои од осигурителните компании биле исплатени 2 милиони денари. Токму осигурителните компании и се обратиле во полиција, откако увиделе дека исти полицајци биле потпишувани на извештаите, а сообраќајките наликувале една на друга. Нивните сомневања ги потврдиле и вештаците.
Притворените ќе одговараат за злоупотреба, осигурителна измама, фалсификување и помагање. Е.И.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град