Прилепската златна кокошка

На деветтиот по ред “Пивофест” се очекува во наредните четири дена посетеност од повеќе од 300 илјади луѓе и заработка од најмалку 30 милиони денари.

 |   | 
pivo fest
пиво фест

На деветтиот по ред “Пивофест” се очекува во наредните четири дена посетеност од повеќе од 300 илјади луѓе .
pivo fest
Доколку се направи груба проценка и секој посетител потроши по минимум 100 денари, фестивалот на градот ќе му донесе заработка од најмалку 30 милиони денари.

Посетителите ќе имаат можност да вкусат 20 различни врсти на домашно и странско пиво, по цена од 30 денари за чаша точено пиво, додека најскапото е околу 100 денари.

skara„Оваа година очекуваме повеќе од 300 илјади посетители и да се надмине рекордот во пиење пиво од 320 тони, кои беа испиени минатата година“, рече Кате Китанов од односи со јавност во општина Прилеп.

На денешното отварање ќе настапат домашните музички групи “Фолтин“ и “Суперхикс“ и групи од Франција и Словенија.

За утре се најавени “Ван Гог”, а во сабота ќе настапи Гоце Арнаудов и Харис Џиновиќ.

На просторот од околу пет илјади квадратни метри фестивалот ќе го затвори пејачот Здравко Чолиќ.

Од Пивара Скопје велат дека секоја година потрошувачката на пиво се зголемува за 20 проценти.

Во Прилеп веќе е пристигната првата група од педесетина кампери од Белгија, а во текот на денов се очекува да се зголеми бројот на странски посетители.

Хотелските капацитети веќе целосно се исполнети.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top