Годишната даночна пријава од сега можете да ја направите преку Интернет.
Годишната даночна пријава од сега можете да ја направите преку Интернет.
Е-даноци е првата електронска услуга на јавната администрација во Македонија, со која во 2012 им се овозможува на граѓаните преку Интернет да ја завршат својата обврска.
Почнувајќи од 16-ти февруари, граѓаните ќе можат на etax.ujp.gov.mk да ги пријават приходите во УЈП.
На промоцијата под мото „Избери го полесниот пат“, присуствуваше премиерот Никола Груевски.
-Со овој систем граѓаните ќе можат даночните пријави да ги поднесат од дома во било кое време. Потполнувањето на пријавите ќе биде на Интернет, без дополнителни трошоци и без доаѓање во УЈП. Намалувањето на бројот на физички средби на шалтерите, како и постоењето на интегриран електронски позадински систем на УЈП, ќе имплицира значителни заштеди, потенцираше Груевски.
Сигурноста, доверливоста на информациите и вашите лични податоци ќе бидат обезбедени во целост, велат од УЈП.
-Оваа услуга во 2012 година, во оваа доба на Интернетот ќе ги намали гужвите, метежите и сите оние нервози што произлегуваат пред жолтата линија на шалтерите, истакна директорот на УЈП, Трајковски.
За користење на е-даноци даночниот обврзник треба да поседува дигитален сертификат на USB токен, со што се обезбедува унифицираност на користење на електронските услуги.
Сертификатот чини околу 900 денари и важи за административните услуги во рок од една година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град
Известувања