Охрид ќе биде претставен на туристичкиот саем во Лугано-Швајцарија, што започнува денеска.
Во рамки на презентирањето на Охрид ќе се одржат и повеќе работни средби со бизнисмени и потенцијални инвеститори во Охрид, како и разговори со градоначалникот на Лугано за продлабочување на соработката меѓу двата града.
Презентацијата на Охрид се одвива под спонзорство на Швајцарија, а ја предводи охридскиот градоначалник Александар Петрески.
Според градоначалникот Петрески, се очекува да се конкретизира најавената донација од градот Лугано за Охрид која се однесува на опремување на Територијалната противпожарна единица во Охрид со современа опрема и возила.
Туристичкиот саем во Лугано е традиционална централна туристичка манифестација во Швајцарија на која учествуваат познати туристички дестинации и туроператори. Минатата година Охрид за прв пат беше застапен на оваа манифестација на која ја доби престижната награда „Кралство на светлината и водата“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град