Проектот „Моето сонце“ на уметникот Никола Узуновски денеска ќе биде свечено претставен во рамки на 53. Венециско биенале. Носител на овој проектот е Музејот на Град Скопје.
Проектот „Моето сонце“ на уметникот Никола Узуновски денеска ќе биде свечено претставен во рамки на 53. Венециско биенале. Носител на овој проектот е Музејот на Град Скопје.
Проектот почнал во 2005 година кога за време на престојот на работилница во Лапонија, Финска, Узуновски обидувајќи се да го сними најкраткиот ден за едно свое видео доаѓа на едно место и забележува дека Сонцето не ја допира Земјината топка и тлото, туку го одминува.
Тој кај него иницира идеја за проект чија основа е создавање копија на сонце што подразбира создавање балон кој би бил вештачки сателит во кој ќе се наоѓа рефлексивна површина и може да го презема сонцето и зраците и да ги пренасочува на одредени површини на земјата.
Проектот се состои од мобилен павилјон поставен на Рива ди Ка ди Дио на кој ќе биде прикачен аеростат (балон првпат направен во ваква димензија од четири метри со рефлексивна површина) кој повремено ќе може да лета на некаква височина.
Куратор на проектот на Узуновски е историчарот на уметност Зоран Петровски, а комесар е Фросина Зафировска од Музејот на Град Скопје.
Попладне на церемонија ќе бидат соопштени добитниците на наградата „Златен лав“ за најдобра изложба и павилјон.
Македонија на Биеналето ја претставува и Националната галерија која ќе го презентира проектот „Педесет или педесет“ на Гоце Наневски чија изложба ќе се одржи во Палатата „Зенобио“ од 7 јуни кога Биеналето ќе биде отворено за јавноста, до 22 ноември кога ќе биде затворена оваа највлијателна манифестација за модерна ликовна уметност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град