Претседателот Иванов во посета на Израел

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска до среда ќе престојува во Израел каде што ќе учествува на Меѓународната конференцијата „Facing tomorrow 2009“.

Gorge Ivanov
Ѓорге Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска до среда ќе престојува во Израел каде што ќе учествува на Меѓународната конференцијата „Facing tomorrow 2009“.

ErusalimНа собирот во Ерусалим, што ќе го отвори израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ќе учествуваат и претседателите на Чешка Вацлав Клаус, на Хрватска Стипе Месиќ, на Источен Тимор – нобеловецот Хозе Рамон Хорта, поранешниот претседател на Украина Леонид Кучма и поранешниот шпански премиер Хозе Мариа Азнар.

Предвидено е шефот на македонската држава за време на престојот во Израел, да има средби со израелскиот претседател Шимон Перес и со министерот за надворешни работи Авигдор Либерман. Иванов ќе го посети и Меморијалниот центар „Јад Вашем“ каде што ќе положи венец во спомен на жртвите на Холакустот, а ќе се сретне и со Евреи кои потекнуваат од Република Македонија.

Македонскиот претседател за Израел замина од Турција каде што во изминатите неколку дена имаше средби со турскиот државен врв – претседателот Абдула Ѓул, премиерот Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Парламентот Мехмед Али Шаин, како и со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top