Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија во пресрет на 28 јануари – Европскиот ден на заштита на личните податоци, денеска ќе ги презентира препораките за заштита на личните податоци на учениците.

Преку подготвените препораки, чија цел е да се подигне јавната свест за заштитата на личните податоци на учениците, како една од најважните целни групи, Дирекцијата ќе даде одговори за тоа како се собираат и обработуваат личните податоци во педагошката евиденција и документација, кој може да има увид во оцените и резултатите од тестови и испити, дали и во која мера се собираат здравствени и биометриски податоци на учениците/студентите, но и како треба да функционира видео надзорот во образовните установи, на што треба да внимаваат учениците кога користат интернет на училиште и треба ли професорите да знаат кој ученик како ги оценил во евалуациските прашалници.
На презентацијата ќе присуствуваат и претставници на Информативната канцеларијата на Советот на Европа и Мисијата на Европската Унија во Република Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град