Премиерот на Македонија Никола Груевски денеска ќе оствари официјална посета на Словачка, во рамки на која ќе има средба со неговиот словачки колега Роберт Фицо.
Премиерот на Македонија Никола Груевски денеска ќе оствари официјална посета на Словачка, во рамки на која ќе има средба со неговиот словачки колега Роберт Фицо.
Груевски предводи бројна владина делегација во која се и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо.
Во рамките на посетата, предвидено е потпишување на Договор за избегнување на двојно оданочување од страна на двајцата премиери, како и на Меѓувладин договор за соработка во борба против криминалот од страна на министрите за внатрешни работи на Македонија и на Словачка.
Предвидено е премиерот Груевски да има обраќање на Бизнис форумот, во рамките на кој ќе биде потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за странски инвестиции на Македонија и Словачката агенција за развој и трговија и инвестиции (САРИО), од страна на директорите на двете агенции.
Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски во Братислава ќе оствари одвоена средба со министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град