Премиерот Груевски во Брисел

Премиерот Никола Груевски в среда во Брисел ќе има одвоени средби со еврокомесарот за проширување, Оли Рен и со специјалниот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана.

Nikola Gruevski
Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски в среда во Брисел ќе има одвоени средби со еврокомесарот за проширување, Оли Рен и со специјалниот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана.

Јavier Solana i Oli RenСпоред неофицијални информации, на одвоените средби Груевски со високите претставници од Унијата ќе разговара за контекстот што се создаде по позитивниот извештај на Европската комисија и препораката за преговорите, како и до каде е решавањето на прашањето за разликите околу името со Грција.
Според владини извори, не се точни наводите во некои медиуми дека Жозе Мануел Баросо, претседателот на ЕК одбегнува средба со Груевски.

„Напротив, иако на ова патување во Брисел, Груевски нема да се сретне со Баросо, таква средба очекуваме да има во скора иднина”, велат владините извори

Премиерот во четврток во Брисел ќе учествува на годишниот самит на европските народни партии, кои освоија мнозинство на последните европски избори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top