Премиерот Груевски во официјална посета на Словенија

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, кој е во дводневна официјална посета на Република Словенија, денеска ќе се сретне со неговиот словенечки колега Борут Пахор.

zname
знаме

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, кој е во дводневна официјална посета на Република Словенија, денеска ќе се сретне со неговиот словенечки колега Борут Пахор.

Во рамки на посетата, премиерот Груевски ќе биде примен од претседателот на Словенија Данило Тирк, а ќе се сретне и со претседателот на Државниот збор, Павел Гантар.
Според агендата, македонскиот премиер ќе се обрати пред одборите за европски прашања и за надворешна политика на Државниот збор на Словенија, а предвидено е да одговара и на прашања од пратениците.

Nikola GruevskiГруевски ќе се сретне и со поранешниот словенечки премиер и претседател на опозициската Демократска партија Јанез Јанша.

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, кој е во состав на македонската делегација, ќе се сретне со словенечкиот колега Самуел Жбогар.
Во делегацијата се и бизнисмени кои во Стопанската комора на Словенија ќе присуствуваат на промоцијата на Деловниот клуб за македонско-словенечка соработка.
Пред македонските и словенечките стопанственици во Комората свои обраќања ќе имаат македонскиот и словенечкиот премиер Никола Груевски и  Борут Пахор, а воводен збор ќе одржи и претседателот на Стопанската комора на Словенија Зденко Павчек.

Посетата на Словенија македонската владина делегација ќе ја заокружи во Крањ каде што свечено ќе биде отворен Почесен конзулат на Република Македонија.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top