Преку прирачник со Браилова азбука, полесно до работа

Сто и педесет прирачници за стратегии за барање работа на Браилова азбука од вчера ќе им бидат достапни на лицата со оштетен вид и слепите лица кои сакаат да се вработат.

brail
браил

brailСто и педесет прирачници за стратегии за барање работа на Браилова азбука од вчера ќе им бидат достапни на лицата со оштетен вид и слепите лица кои сакаат да се вработат.

– За да им помогнеме при вработувањето, денеска промовираме прирачник преку кој младите луѓе со оштетен вид ќе може да се запознаат со стратегиите за барање работа, истакна на промоцијата министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Тој додаде дека ова е прв прирачник од ваков вид во земјата кој е напишан на Браилово писмо, во кој има информации за подготовка на кариерно портфолио, изработка на кратка биографија и мотивациско писмо, како и информации за претставување на кандидатите на интервју. Прирачникот е дел од проектот за практикантска работа и вработување на лицата со попреченост, финансиран од УСАИД.

Директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн истакна дека на вработувањето лица со попреченост не треба да се гледа како на милостина, туку како на прашање на човекови права.

Прирачникот ќе биде достапен во училиштето за лица со оштетен вид и слепи лица „Димитар Влахов“ и во Националниот сојуз за слепи лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top