Прекршен е рокот за избор на техничка Влада

Четирите партии не ги усогласија ставовите околу ингеренциите на новите министри и заменици министри, кои треба да останат на своите функции до изборите во април 2016-та, пренесува „Телма“.

olesnuvachi

lideriЧетирите партии не ги усогласија ставовите околу ингеренциите на новите министри и заменици министри, кои треба да останат на своите функции до изборите во април 2016-та, пренесува „Телма“.

Работните групи, чиј состанок почна вчера околу 17 часот, некаде по полноќ си заминаа без договор. Тоа е непочитување на Протоколот од Пржино од 15 јули, со кој 20 октомври беше одреден како рок за избор на нови членови на Владиниот кабинет.

Во него СДСМ треба да има министри за внатрешни работи и за труд и социјала, ВМРО ДПМНЕ заменици, плус СДСМ да има дополнителни заменици во министерствата за финансии, земјоделство и информатичко општество.

Од СДСМ велат дека сега сите опции се возможни. Нивниот План Б не исклучува и нови политички бомби.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top