ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Собрани 50.000 долари за малиот Јаков

Мисијата да се соберат 50.000 долари за малиот Јаков, која ја покрена Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски, успешна за нецела недела. Јаков со родителите веќе е сместен во турската болница и ја започна својата битка со болеста.

 |   | 

Овој пат, парите ги собравме за една недела, со навистина лесен напор. Сторијата ги стопи срцата на луѓето. Најголемиот дел од средствата ги собрав од семејството, пријателите и бизнис партнерите во Австралија. Секогаш лично донирам голем дел. Сакам да се заблагодарам на сите македонско-австралиски фан страни на социјалната мрежа Фејсбук, за нивното ангажирање веста да допре преку оваа платформа до многу луѓе. Голема благодарност до македонските медиуми, кои кај Вас ја раширија веста за акцијата. И благодарност до сите добри луѓе кои ги отворија и срцата и џебовите за да успееме – истакна Ристевски.

Џим Ристевски е татко на три деца и по трет пат со своја иницијатива ја вклучува заедницата во Австралија за помош за земјата од каде потекнуваат неговите предци. Тој е веќе познат бизнисмен и филантроп во Австралија, а на македонската јавност ѝ е познат по два претходни хумани гестови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top