Предупредувачки протест на ССМ

Предупредувачки протест пред Собранието за в четврток најави Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ).

logo
лого

Предупредувачки протест пред Собранието за в четврток најави Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ).

protestНепосредна причина за протестот е 76-тата собраниска седница, на која на дневен ред се ставени измените и дополнувањата на Законот за работни односи.

Според портпаролот на ССМ, Милан Живковиќ преку протестот ќе биде искажано и незадоволството од немањето на социјален дијалог, бидејќи сите предлози и мислења поднесени од ССМ биле експресно одбиени.

Живковиќ посочи дека со предложените измени во Законот за работни односи се врши грубо кршење на синдикалните и работнички права и слободи, а се крши и Уставот. Тој информираше и дека е поднесено барање до претседателот на Собранието Трајко Вељановски да го повлече наведениот Закон од дневен ред.

На овој предупредувачки протест ќе учествуваат само органите и телата на ССМ, кои денеска ќе одржат и вонредна седница.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top