Пратениците денес расправаат за предлог-буџетот за 2010 година

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 86. седница, треба да ја почне расправата по Предлог-буџетот за 2010 година.

sobranie
собрание

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 86. седница, треба да ја почне расправата по Предлог-буџетот за 2010 година.

Според Предлогот, приходите се планирани на 143 милијарди и 257 милиони денари, а расходите на 153 милијарди и 720 милиони денари. Дефицитот е проектиран а 2,5 проценти од БДП и ќе изнесува 10 милијарди и 460 милиони денари.
Кај приходите има зголемување од 3,4 проценти, а кај расходите за 2,8 отсто.
Владината проекција за 2010 година е дека растот на БДП ќе биде два отсто, а на максимум два отсто е планирана и годишната стапка на инфлација.
Според предлагачот, буџетот е развоен, реален и со подобрена структура. Наредната година Владата ќе продолжи со политиката на стриктна дисциплина за вработувањата во јавниот сектор. Не е предвиден и пораст на платите во јавната администрација. Помал износ е предвиден и за ставката стоки и услуги за 9,8 отсто.
Пораст е предвиден  кај субвенциите за 10,9 отсто, кај социјалните трансфери за 1,8 осто, капиталните расходи ќе се зголемат за 16,2 отсто. За образованието се предвидени 21,285 милијарди денари, за здравството 19,756 милијарди денари, за социјална и детска заштита 49,920 милијарди денари, за инфраструктура и економски развој 18,983 милијарди денари, за земјоделството 7,490 милијарди.
На приходната страна даночните приходи се проектирани на 77,049 милијарди денари.
Буџетскиот дефицит ќе се финансира од домашни и странски извори при што домашното задолжување ќе биде за 11 проценти помало од 2009 година. Проектирано е на 3,898 милијарди денари. Надворешното задолжување се планира да биде од Светска банка и ЕБРД за инфраструктурни проекти, договорената буџетска поддршка од Светска банка од 30 милиони долари, како и од други извори.
На прдложениот буџет пратениците во расправата пред Комисијата за финансирање и буџет имаа поднесено 309 амандмани, од кои се прифатени пет. Тие се однесуваат на буџетски средства наменети за Собранието и за патиштатата, а три амандмани се за Комисијата за лустрација.
На седницата денеска треба да се разгледа и Предлог законот за изменување на Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија по скратена постапка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top