Повторно гореше македонското знаме на Косово

Македонското знаме е запалено синоќа од членови на навивачката група “Плисат“ за време на натпреварот на младинските ракометни репрезентации на Македонија и Косово во Приштина.

 |   | 
zname
zname

Македонското знаме е запалено синоќа од членови на навивачката група “Плисат“ за време на натпреварот на младинските ракометни репрезентации на Македонија и Косово во Приштина.

Како што пренесува приштинскиот весник “Експрес“ македонското знаме било запалено како одмазда на навивачките песни што ги пееле македонските навивачи за време на Европското ракометно првенство што минатиот месец се играше во Србија.

Поради палењето на знамето, натпреварот бил прекинат на неколку минути.

Весникот пренесува дека за време на целиот натпревар навивачите од трибините пееле антимакедонски песни, а постојано биле истакнувани транспаренти со навредлива содржина.

На дел од транспарентите кои може да се видат и на видео објавени на ЈуТјуб пишува “Македонија не постои“, “Бугари според Бог, Македонци според Тито“, “Татко Словен, мајка Бугарија. Што си ти?“.
transparent
И покрај ваквото однесување на косовските навивачи, по натпреварот селекторот на македонската младинска репрезентација за косовските меидуми изјавил дека голем дел од публиката дошла во салата за да гледа квалитетен ракомет, а не да ја понижува неговата земја.

Натпреварот е дел од турнирот во рамките на прославата на четиригодишнината од прогласувањето на независноста на Косово.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top