За повреда на работа имате право на надомест

Телесно оштетување постои кога кај осигуреникот ќе настане загубување, посуштествено оштетување или позначителна онеспособеност на одделни органи или делови од телото што ја отежнува нормалната активност на организмот и бара поголем напор во остварувањето на животните потреби, без оглед на тоа дали причинува или не причинува инвалидност.

rabotnici
работници

Осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за време на траењето на осигурување се стекнува со право на паричен надоместок за телесно оштетување под истите услови во поглед на пензискиот стаж под кои се здобива со правото на инвалидска пензија.

rabotniciУсловите се следни:

1) телесното оштетување да е причинето  со повреда на работа или професионална болест – без оглед на должината на пензискиот стаж или
2) 2) телесното оштетување да е причинето со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност да е постар од 45 години живот и да има навршени најмалку 12 години пензиски стаж или
3) телесното оштетување да е причинето со повреда надвор од работа или со болест, доколку осигуреникот има навршено над 30 до 37 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 30% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години, а осигуреникот има навршено над 37 до 45 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 40% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години.

rudariОсигуреник кај кого телесното оштетување настанало пред навршување на 30 години живот како последица на повреда надвор од работата или болест се здобива со право на надоместок за телесно оштетување ако на денот на настанувањето на телесното оштетување  имал својство на осигуреник и ако:

1) телесното оштетување  настанало до навршување на 20 години живот, ако имал најмалку шест месеци стаж на осигурување;
2) телесното оштетување  настанало до навршување на 25 години живот, ако имал најмалку девет месеци стаж на осигурување и
3) телесното оштетување  настанало до навршување на 30 години живот, ако имал најмалку 12 месеци стаж на осигурување.

Право на паричен надоместок за телесно оштетување осигуреникот стекнува независно од тоа дали се стекнал и користи и некое друго право од пензиското и инвалидското осигурување.

Не се стекнува право на паричен надоместок за телесно оштетување од 30% до 40% според листата на телесни оштетувања, кое настанало како последица на болест или повреда надвор од работата, за телесно оштетување кое постоело пред стапувањето во работен однос, како и за подоцнежното влошување на тоа телесно оштетување. По исклучок кога пред стапувањето во работен однос постоело телесно оштетување на еден од парните органи, а подоцна настапи оштетување на другиот истоветен орган, осигуреникот стекнува право на паричен надоместок за телесно оштетување на двата органи.

Висината на паричниот надоместок за телесно оштетување се определува според утврдениот процент на телесното оштетување од следниве основици:

– 9% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година кога телесното оштетување е предизвикано со повреда на работа или со професионална болест и
–  7% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година кога телесното оштетување е предизвикано со болест или повреда надвор од работата.

Ако постојат две или повеќе телесни оштетувања вкупниот процент се определува на тој начин што на поголемиот процент се додава, и тоа по:

1) 20% за секое натамошно телесно оштетување од 50% или повеќе и
2) 10% за секое натамошно телесно оштетување од 40% и 30%.

На корисникот на паричен надоместок за телесно оштетување во случај на влошување на постојното телесно оштетување или нов случај на телесно оштетување, му се определува паричен надоместок според новиот, односно вкупниот процент на телесно оштетување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top