Построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите

Министерството за економија подготвува нов построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Следнава недела траба да се одржи јавна расправа со туристичките работници за новиот Правилник по што официјално ќе биде усвоен.

 |   | 
welcome
welcome

Министерството за економија подготвува нов построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Следнава недела траба да се одржи јавна расправа со туристичките работници за новиот Правилник по што официјално ќе биде усвоен.
Со измените на Правилникот, хотелите со една и две ѕвездички треба да имаат најмалку 10 соби, оние со три ѕвездички 15, а хотелите со четири или пет ѕвездички најмалку 20 соби. Во сите хотели треба да има можност да се плаќа со кредитни картички.
hotel

Хотелите со четири ѕвездички како дополнителна содржина треба да имаат базен, а со пет ѕвездички задолжително е да имаат базен, фитнес и спа центар.
Зголемена е и квадратурата на собите на 14 метри квадратни за еднокреветна соба за хотел со пет ѕвездички, 12 метри квадратни за хотел со четири ѕвездички.

Се предвидува, и зголемување и на бројот на соби за инвалидизирани лица и наместо на секои 50 соби една да е за инвалид сега е предвидено на секои 30 соби една да биде за инвалид.

Задолжително е и познавањето на по еден светски јазик за менаџерот и персоналот кој комуницира со гостите и за хотелите со две ѕвездички.

Во Македонија има околу 200 сместувачки објекти од кои 190 се категоризирани, а од нив 11 се хотели со пет ѕвездички. Спроведените анкети кај странските туристи покажуваат дека категоризацијата на сместувачките објекти во Македонија е истакната како најголем проблем со кој се соочуваат при престојот во земјава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top