Кутија цигари во јули годинава ќе поскапи за 4 денари, како резултат на зголемените акцизи. Акцизната давачка за цигарите ќе се зголемува секоја година, па до 2023 се очекува цигарите да бидат речиси двојно поскапи отколку сега, пишува „Дневник“.

„Ако се земе предвид дека во едно пакување има 19 или 20 цигари тоа значи дека секоја година во просек по 4 денари ќе се зголемува цената на кутија цигари или до 2023 година ќе има поскапување од 40 денари за кутија. Математиката покажува дека цигарите што денес се продаваат за 50 денари, последната година од поскапувањето ќе се продаваат за 90 денари или речиси двојно повеќе од сега“, пишува весникот.
Со измените на Законот за акцизите, кои се во собраниска процедура, се предвидува производителите и увозниците на тутун да ги пребројат резервите во нивните складови и кај дистрибутерите и да ја пресметаат новата акциза од 1 јули годинава. Тие што нема да ги пребројат резервите може да бидат казнети со глоби до 15.000 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град