Цената на бензините од утре се зголемува за 2,5 денари, а на дизел горивата за 2, односно 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,27, односно за 3,78 отсто.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 78,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) со одлуката на РКЕ се зголемува за два денара по литар и ќе чини 67,50 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,5 денари и се продава за 56 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,495 денари и ќе изнесува 39,565 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,89 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период, како и за 0,03 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град