Пописот на населението ќе се одложи за октомври

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија ќе биде одложен и наместо од 1 до 15 идниот месец, се предвидува да се одржи од 1 до 15 октомври годинава

 |  Maja Савиќ  | 
popis
попис

makedonija popisВчера доцна попладне координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Тахир Хани од ДУИ до Собранието доставија Предлог закон за измени и дополнувања на Законот за попис, кој ќе се носи по скратена постапка и е веќе ставен како дополнување на дневниот ред на 143. собраниската седница закажана за утре.

Пописот на населението во Македонија се одлага поради се поизвесните предвремени избори. Проблем предизвикаа и поделбите во Државната пописна комисија во однос на одлуката за бројот на попишувачи припадници на етничките заедници. Членовите од албанската и турската етничка заедница ја напуштија работата на Комисијата откако не беше прифатен нивниот предлог за бројот на попишувачите, а на огласот за попишувачи за што се спроведе и тестирање се јавија само 600 Албанци од вкупно 16.500 пријавени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top