Полицијата трага по тројца унгарски државјани за кои постои сомнеж дека исчезнале во Охридското езеро со своите кајаци, соопшти МВР.
Полицијата трага по тројца унгарски државјани за кои постои сомнеж дека исчезнале во Охридското езеро со своите кајаци, соопшти МВР.
Чуварот на автокампот Градиште пријавил во полиција дека кога влегле унгарските државјани во кампот на автомобилот „фиат добло“ имало три кајаци.
Автомобилот стоел се уште на паркингот во автокаммпот, а Унгарците и кајаците кои биле на автомобилот ги немало.
Унгарците влегле во Македонија преку граничниот премин Табановце на 5 мај. Од СВР Охрид велат дека засега не се пронајдени знаци кои укажуваат на тоа дека се случила трагедија.
На терен се патроли на езерската полиција кои вршат интензивно пребарување, а се проверува и можноста дали можеби лицата по кои се трага влегле во територјалните води на Албанија.Според информации од полицијата, Унгарците биле на возраст од 38, 35 и 31 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град