Министерот за труд и спцијална политика Диме Спасов денеска оствари средба со раководството на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија, на која разговараа за тековните и актуелни проекти што Министерството и Владата ги реалзираат во насока на подобрување на животот на овие лица.

„На почетокот на јануари годинава беше воведено новото право на глувост, со парична помош во износ од 4.000 денари за сите потполно глуви лица и досега имаат поднесено барања околу 1000 граѓани, а ова право го имаат остварено околу 300 лица. Очекуваме во наредните месеци да се зголемува бројот на барањата, како што се завршуваат здравствените прегледи и се комплетира целосната докумантација на секој предмет посебно. Очекуваме се поголем број на глуви граѓани да го остварат ова право, кое што практично беше долгогодишно барање на членовите на Сојузот на глуви и кое што сега стана реалност,“ истакна Спасов по денешната средба.
Тој нагласи дека продолжува и обуката за знаковен јазик на 120 фармацевти, со која, што како што посочи, ќе се олесни комуникацијата меѓу глувите и наглувите лица со фармацевтите во моментите кога земаат лекови во аптеките ширум Македонија.
И во оваа 2014 година, како што нагласи Спасов, се одвоени средства за зголемување на бројот на лиценцирани толкувчи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град