Почнува учебната 2009/2010 година

За околу 320 илјади ученици, од кои 225 илјади основци и 95 илјади средношколци денеска почнува учебната 2009/2010 година. Прв пат во училишните клупи седнуваат 20.986 првачиња, запишани во  деветгодишно  основно образование.

prvace
прваче

За околу 320 илјади ученици, од кои 225 илјади основци и 95 илјади средношколци денеска почнува учебната 2009/2010 година. Прв пат во училишните клупи седнуваат 20.986 првачиња, запишани во  деветгодишно  основно образование.
Се уште трае запишувањето на децата кои, според законот, треба да почнат во прво одделение доколку до крајот на 2009 имаат наполнето шест години.

prvaceЈавните средни училишта кои имаат слободни места се уште запишуваат ученици во прва година.  Според податоците на Министерството за образование и наука, од 27.160 ученици кои во 2008/2009 завршија осмо одделение, во прва година во јавните средни училишта  досега се запишале 23.385 ученици.
Од нив, 16.933 ученици се за настава на македонски јазик, 5.948 се за албански наставен јазик, 322 за турски наставен јазик и 182 се повторувачи. Гимназиско образование запишале 8.692, а стручно образование 14.693 ученици.
Во запишаните 23.385 средношколци не се вброени учениците од петте и дополнителните три паралелки на албански наставен јазик за медицинска насока во Скопје. Во тек е нивното пријавување и договарањето кој од нив ќе учи во медицинското училиште „Панче  Караѓозов“, а кој во новиот објект на гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во населбата Бутел.
Над двесте полуматуранти средното образование ќе го продолжат во приватните средни училишта. Родителите кои нема да го запишат детето во средно согласно со законот ќе платат казна од 1.000 евра, зашто средното  е задолжително од минатата година.

Новина во учебната 2009/2010 година се бесплатните учебници за сите ученици во основното и во средното образование. Најголем дел од нив се дистрибуирани во училиштата и во општините низ Македонија.
До следната учебна година во основните училишта ќе биде одложено верското образование.  По укинувањето на предметот веронаука од Уставниот суд, концептот за верско образование ќе биде  модифициран во нов предмет – етика на религиите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top