Почнува „Танц-фест 2009“

Со Шведскиот танцов филм, базиран на танцот и движечката сила денеска започнува петиот „Танц-фест“, во организација на Културниот центар „Интерарт“.

tanc
танц

Со Шведскиот танцов филм, базиран на танцот и движечката сила денеска започнува петиот „Танц-фест“, во организација на Културниот центар „Интерарт“.  
Во рамките на фестивалот на 8 април во Македонската опера и балет ќе настапи холандската танц-академија од Ротердам со  „Таленти во движење“. Истата вечер ќе и биде доделена  наградата „Менада“ на примабалерината Ирена Ветерова.

tancВечер на македонските кореографи ќе се одржи во МКЦ и во Музејот на современа уметност на 9 април.
Студентите од Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе се претстават  на 12 април на ФДУ  со кореографија инспирирана од претставата „Заспани“ на Чехов.  
На 14-ти и 16 април ќе гостува Државната опера и балет од Истанбул со „Градина на розите“ и „Дамата со камелии“, со која ќе биде затворен „Танц-фест 2009“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top