Од синоќа на полноќ официјално стартуваше кампањата на политичките партии и другите учесници на четвртите претседателски и петите локални избори што ќе се одржат на 22 март.
Од синоќа на полноќ официјално стартуваше кампањата на политичките партии и другите учесници на четвртите претседателски и петите локални избори што ќе се одржат на 22 март.
Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите во наредните дваесет дена ќе можат да ги претстават своите програми пред електоратот и да образложат зошто ја бараат довербата од граѓаните.
Кампањата ќе трае до 20 март на полноќ. Денот пред гласањето е изборен молк. Гласачките места на 22 март ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. На претседателските и локалните избори право на глас имаат еден 1.792.082 избирачи евидентирани во Единствениот избирачки список.
Тие ќе можат својот глас да го дадат за еден седумте претседателски кандидати – Ѓорге Иванов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Љубомир Фрчкоски кандидат на СДСМ, независниот кандидат Љубе Бошкоски, Нано Ружин од ЛДП, Агрон Буџаку од ДУИ, Мируше Хоџа од ДПА и Имер Селмани од Нова демократија.
За претседател ќе биде избран кандидатот кој ќе освои мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи. Ако никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.
Доколку во вториот круг никој од кандидатите не го добие потребното мнозинство се повторува целата постапка. Македонските граѓани претставниците на локалната власт ќе можат да ги бираат од околу 370 кандидати за градоначалници и од околу 700 листи со кандидати за членови на советите на општините.
Согласно постојната територијална организација, на локалните избори ќе се бираат градоначалници и советници во 84 општини и во Градот Скопје.
Законот предвидува во првиот круг на изборите за градоначалник да биде избран оној кандидат кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале доколку на изборите излезат една третина од вкупниот број гласачи запишани во изводот од избирачкиот список во соодветната општина.
Доколку во првиот круг ниту еден кандидат не го добие потребното мнозинство гласови се оди на втор круг на изборите. Во вториот круг на изборите се гласа само за двајца кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Во вториот круг на гласањето за градоначалник ќе биде избран оној кандидат кој добил поголем број гласови.
Во секоја од општините се избираат различен број советници од советите во зависност од бројот на жители во таа општина. Советниците се избираат според пропорционален модел на затворени листи, а распоредот на советничките места од секоја листа се врши според Донтов модел.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град