Закани по живот добил јавниот обвинител Љубомир Јовески поради кривичен предмет кој бил завршен во декември 2021 година. Заканата, која била испратена преку препорачана пратка била од „терористичка организација која се бори и убива за неправда“. Заканата била напишана на два јазика, македонски и англиски јазик.

Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена, бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата – се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Во соопштението е наведено дека Јовески истакнува дека се залудни ваквите закани и дека нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство.
Од Обвинителството најавуваат дека пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и пронаоѓање на лицето кое ја експедирало.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град