Петта позитивна препорака од ЕУ

Европската комисија по петти пат и доделува на Македонија позитивна препорака за почеток на преговорите со Унијата, но Македонија мора да знае дека статус-кво ситуацијата во однос на спорот со името има своја цена, порача еврокомесарот за проширување Штефан Филе, на објавувањето на извештаите за напредокот на земјите-кандидати за членство ЕУ.

Aivo Orav i Nikola Gruevski
Аиво Орав и Никола Груевски

Европската комисија по петти пат и доделува на Македонија позитивна препорака за почеток на преговорите со Унијата, но Македонија мора да знае дека статус-кво ситуацијата во однос на спорот со името има своја цена, порача еврокомесарот за проширување Штефан Филе, на објавувањето на извештаите за напредокот на земјите-кандидати за членство ЕУ.

„Скопје мора да ја процени цената на недвижењето напред, на непостигнувањето на компромис, на тоа Комисијата идната година истото да го повтори по шести пат, статус-кво ситуацијата има цена. Нема да шпекулирам дали причината за кризата која настана кон крајот на декември минатата година е причина за овој застој, но мора да се движиме напред, губиме многу време. Граѓаните на Поранешната југословенска Република Македонија губат многу време”, изјави еврокомесарот.

Според него, договорот од 1 март влева надеж дека ако има политичка волја, има и излез од ситуацијата, а исто така потребно е и да се воспостави дијалог со асоцијацијата на новинарите, како би се решил и проблемот со слободата на медиумите во земјата.

stefan fuleЕвроамбасадорот Аиво Орав пак, вели дека Македонија мора да покаже посветеност кон Унијата, преку решавањето на сите недостатоци кои се нотирани во овој извештај.

„Препораката е тука и ова се добри вести за земјата. Се надевам дека сите забелешки ќе бидат земени во предвид од државните претставници и дека ќе има многу интерпретации околу тоа дали овој извештај е позитивен или негативен, но тој најпрво служи за да се подобри ситуацијата”, потенцираше Орав.

Од остатокот од земјите-кандидати за членство во ЕУ, еврокомесарот Штефан Филе соопшти позитивни вести за Црна Гора и Србија, Подгорица до крајот на месецот ќе ги отвори поглавјата 23 и 24 од преговорите со Унијата, додека, пак, Србија може да очекува почеток на преговорите најдоцна до јануари. Албанија од денес им се придружува на земјите-кандидати за членство, откако еврокомесарот Филе соопшти дека Тирана ги завршила сите неопходни обрвски за добивањето на кандидатскиот статус.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top