Пазарната инспекција откри олово во детски играчки

Олово, формалдехид, амини, отровни бои, мониста од синџирчиња, ситни делчиња од белезици, јаженца со кои може да се задуши вашето дете.

igracka
играчка

Олово, формалдехид, амини, отровни бои, мониста од синџирчиња, ситни делчиња од белезици, јаженца со кои може да се задуши вашето дете.

Не станува збор за извештај од хемиска лабараторија или хорор-филм, туку за недозволени состојки што ги има во играчките со кои секојдневно си играат децата. Од вчера Пазарниот инспекторат е на терен и во следните пет дена ќе ги проверува детските играчки што се изложени во продавниците. Во Институтот за јавно здравје велат дека годинава се направени 352 контроли, а кај седум типа играчки се пронајдени тешки метали и отровни материи. Гумени топки, пластични камиончиња, кукли, багери, се само дел од листата со опасни играчки. Хемискиот состав не е единствениот на кој треба да се внимава. Механичкиот состав, физичките карактеристики и сертификатот се исто така под лупа, пишува „Дневник“.

Дали кога купувате играчка ја гледате декларацијата и внимавате дали одговара на возраста за детето за кое ја купувате? Веројатно одговорот е позитивен. Надлежните велат дека и покрај исправните декларации се случува да се откријат играчки чии делови може да се откинат и детето да ги проголта.

„Кадифени мечиња со ѓердани или белезица кај куче-играчка се само дел од недостатоците кои ги откривме во првиот ден на контролата. Од продажба се отстранети и играчки кои имаат јаже со кое детето може да се задави. Иако декларацијата е добра, сепак играчките се небезбедни за децата и издадовме решение да се отстранат од продажба“, вели, за весникот, Фатмир Шехи, инспектор од Државниот пазарен инспекторат.

igrackaСпоред него, контролите ќе продолжат и во следниве неколку дена, а конечните резултати за тоа колку небезбедни играчки се продаваат на пазарите ќе имаме следната среда.

Во Институтот за јавно здравје велат дека за една година исконтролирале над триста играчки.

„Дел од играчките што ги испитувавме имаат отровна боја, дел формалдехид над дозволената граница, а имаше и такви што содржеа зголемено присуство на олово. Кај нас главно се испитуваат пластичните играчки по барање на санитарната инспекција“, велат, за „Дненвик“, во лабораторијата за испитување на здравствената исправност на предмети за општа употреба која работи во состав на Институтот за јавно здравје.

Меѓу сомнителните играчки имало детски колички, џипови, мобилни телефончиња, топки. Сите се отстранети од продажба. Контролите и понатаму се прават доколку инспекторите се посомневаат во квалитетот и исправноста на играчката.

Ако сте решиле да купувате играчки, купувајте исклучиво во легални продавници, а не на зелените пазари. Внимателно прочитајте ја декларацијата и испробајте ја играчката веднаш, уште во продавница. Водете сметка на декларацијата да има ознака „ЦЕ“ што гарантира дека производот ги исполнува минимумот безбедносните стандарди предвидени во Правилникот за безбедност на детските играчки.

„Ова се основните препораки што треба да се применуваат кога се купуваат играчки“, порачуваат од Организацијата на потрошувачите на Македонија, пренесува весникот.

Оттаму велат дека досега кај нив немало претставка од граѓани дека некоја играчка е небезбедна, но порачуваат до граѓаните дека треба многу да внимаваат.

„Ако видат дека декларацијата не е соодветна или почувствуваат несоодветен мирис, веднаш треба да реагираат“, велат во ОПМ.

Бугарските медиуми деновиве се преплавени со информации за неисправни детски играчки. Кај нив биле направени над 2.000 испитувања на играчки кои масовно се продаваат пред Божик. Од нив дури 30 типа играчки содржеле формалдехид на дозволената граница, потоа имало играчки со тешки метали и со амини кои испаруваат додека детето се игра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top