Паричка за среќа и бериќет

„Каде и да си, пред Божик, зад Божик, дома да си“. Бадник е празник кога семејството се собира заедно во домот, седнува на заедничка богата посна трпеза и крши лепче со паричка.

 |   | 
Badnikova trpeza
Бадникова трпеза

Badnikova trpeza„Коледе леде, паднало греде, утепало деде, деде се мачи, баба го квачи, со четири јајца гускини, шаткини… Денес е Коледе, утре е Божик, ќе колеме теле, теле вика леле, не колете мене, ќе ви купам зелје, да месите пита, да јадете сите. Коледеее…“

Утрово, веројатно, ве разбудија звуците од традиционалната коледарска песна, насмеани дечиња и ладни рачиња. Коледарчињата, предвесници на Христовото раѓање, сигурно ги почестивте со некоја паричка, јаболче, костенче, бомбонче и ги испративте со желби за добро здравје, бериќет и благосостојба во домот. Православните христијани може да ја започнат подготовката за вечерашната прослава на Бадник, ден пред големиот христијански празник, Божик.

„Каде и да си, пред Божиќ, зад Божиќ, дома да си“, велат старите, а оваа поговорка ја почитуваат и помладите. Бадник е празник кога семејството се собира заедно во домот, седнува на заедничка посна и богата трпеза и крши лепче со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне паричката, цела наредна година ќе го следи здравје, успех и среќа. Традицијата налага оваа вечер да не се оди никаде на гости, туку да се остане во домот со богато посно мени што има и симболично значење означувајќи богатство и изобилство и во наредната година.

Бадниковата вечера започнува со благослов на домаќинот на трпезата, а потоа и кршење на бадниковото лепче со паричка, на онолку делови колку што има и членови во семејството, оставајќи дел за Бога и дел за куќата. На Бадник, според традицијата, во огнот се става да гори и бадниково гранче, кое се смета за најздраво дрво и кое симболизира здравје за целото семејство.

Јадењата на бадниковата вечера се исклучиво посни, а меѓу нив има лепче, риба, грав, салата од зелка, туршија, сармички, посни пити и банички, вино, компири, посни колачиња и торти… Обичај е трпезата да не се раскрева и да се остави да стои преку целата ноќ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top