„ПАРИ“ ОТКРИВА: Најголемите даночни должници се на иста адреса и наскоро треба да се избришат

Порталот „Пари“ направи анализа која се однесува на најголемите должници во земјава. Она што е особено интересно е што 3 од најголемите 5 должници се на иста адреса, наведува порталот.

 |   | 

Порталот „Пари“ направи анализа која се однесува на најголемите должници во земјава. Она што е особено интересно е што 3 од најголемите 5 должници се на иста адреса, наведува порталот.

Управата за јавни приходи редовно ја објавува листата на должници. Последната е за долгови доспеани до 30.09.2021 и неплатени до 31.12.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Порталот Пари наведува кои се 5-те најголеми даночни должници во државава:

ДОЛЖНИК

ИЗНОС во евра

Глобал Итали експорт-импорт Скопје

4.750.000

Национални шуми

4.740.000

Италмонд ДОО експорт-импорт Скопје

4.540.000

Уни-М ДОО експорт –импорт Скопје

4.537.000

НУ ЦК Иљо Антески Смок  Тетово

3.400.000

Извор: УЈП

Пребарувањата по податоците од Централниот регистар покажуваат дека компанијата „Глобал Итали експорт-импорт Скопје“ која има најголем даночен долг од 4.750.000 милиони евра, компанијата „Италмонд ДОО експорт импот“ која и должи на државата 4.540.000 евра и фирмата „Уни-М“ со долг од 4.537.000 евра, имаат иста адреса – „Наум Наумовски Борче“ бр. 87 локал 9-аНо, трите компании најверојатно за една недела ќе престанат да постојат, а со тоа државата ќе се прости од речиси 14 милиони евра, пишува порталот „Пари“.

Имено, податоците на Централниот регистар покажуваат дека трите компании на 29 јануари 2021 година се ставени на листата за бришење. На таа листа, според законската регулатива, се евидентираат компании кои не поднеле годишна сметка за деловната 2018 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче, или пак не го уплатиле основачкиот влог по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар. На тој список тие се една година, а во меѓувреме може да ги остранат надостатоците за кои се нашле на листата на бришење, но можно е и некој да покрене предлог за ликвидација, или за отворање на стечајна постапка. Ако нешто од тоа се случи, Централниот регистар на ажурирана листа ќе ја тргне компанијата од списокот за бришење. Последното ажурирање, Централниот регистар го направил на 13.1.2022 година, а трите компании се таму, што значи ниту УЈП, ниту некој друг повел постапка за стечај. Централниот регистар, како што му налага законот ќе ги избрише овие фирми на 29 јануари 2022 година, освен ако нешто не се случи во последен момент.

„Национални шуми“ (поранешна Македонски шуми) е јавно претпријатие кое стопанисува со 90 проценти од вкупната површина под шума во Македонија. Сегашниот долг е за неплатено ДДВ од над 4,7 милиони евра, а во 2011 година, на прес конференција, тогашниот директор Жарко Караџоски открива дека „Македонски шуми“ има натрупан долг по основ на ДДВ од 17,8 милиони евра, кој ќе се репрограмира од страна на државата без камата.

Петтото место на црната листа на УЈП, и припаѓа на Националната установа – центар за култура „Иљо Антески – Смок“ од Тетово, која за неплатен ДДВ должи 3,4 милиони евра.

Според податоците на УЈП, на првата листа на должници објавена годинава се 1.762 правни лица и 3.036 физички лица. Вкупно објавениот нето долг изнесува околу 8.674.110.769 денари, пренесува порталот „Пари“.

Целата анализа е достапна на следниот линк:

 

Извор/Pari.com.mk

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top