Пад за шест места бележи слободата на медиумите во Македонија според „Репортери без граници“

Во најновиот Индекс на слободата на печатот на организацијата Репортери без граници што опфаќа 180 држави, Македонија се наоѓа на 123-тото место.

logo
лого

Во најновиот Индекс на слободата на печатот на организацијата Репортери без граници што опфаќа 180 држави, Македонија се наоѓа на 123-тото место.

reporterОва претставува пад од шест места во споредба со претходниот годишен извештај. Од регионот, Македонија Црна Гора и Турција спаѓаат во категоријата земји што се „во тешка состојба”, додека останатите се едно скалило погоре, во категоријата „со забележливи проблеми”.

Од непосредните соседи, Србија е 54-та (бележи напредок од 10 места), Косово – 80-то (напредок од 6 места), Албанија 85-та (напредок од 18 места), Грција 99-та (пад од 14 места), а Бугарија 100-та (пад од 12 места).

Глобално, на листата оваа година, како и минатата, водат Финска, Холандија и Норвешка, а на дното се Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја. САД бележат пад од 13 места и се 46-ти на листата, а извештајот меѓу причините ги наведува пресудата за Бредли Менинг и гонењето на Едвард Сноуден.

Индексот на слободата на печатот на Репортери без граници се подготвува според шест генерални критериуми: плурализмот, независноста на медиумите, медиумската средина и автоцензурата, правната рамка, транспарентноста и медиумската инфраструктура.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top