Ќе се отвори нов Универзитет за информатички технологии во Охрид

Од почетокот на септември ќе се отвори нов Универзитет за информатички технологии во Охрид, со пет факултети и ќе функционира како независен државен универзитет, рече министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

Ivo Ivanovski
Иво Ивановски

Од почетокот на септември ќе се отвори нов Универзитет за информатички технологии во Охрид, со пет факултети и ќе функционира како независен државен универзитет, рече министерот за информатичко општество Иво Ивановски

– Целта е да се привлечат странски професори кои имаат искуство во развиените земји, каде главен јазик е англискиот. Половина од професорите ќе бидат од странство, студентите за почеток ќе бидат од Македонија, а нивниот број ќе биде ограничен зашто сакаме да направиме елитен Универзитет, рече Ивановски.

uceniciНовиот Универзитет за почеток ќе биде лоциран во Домот на АРМ во Охрид, во тек е тендерот за изведбено решение, а ќе се гради нов универзитет, нов кампус со сали, студентски соби, со модерни лаборатории и канцеларии. Предавањата ќе бидат на англиски јазик, но ќе се учат и општествени предмети, природни науки и уметности. Првата година ќе се запишат по 25 студенти на секој факултет, бројот ќе се зголемува, но нема да преминува повеќе од 100 студенти во текот на четири години.

Благоја Самакоски ректор на новиот Универзитет за информатички технологии изјави дека ги земаат предвид искуствата од американските универзитети и тој образовен систем. На новиот Универзитет ќе се вработуваат македонски и странски професори.
Министерот Ивановски посочи дека од 2006 до 2008 година има зголемување на корисниците на интернет, има зголемено користење компјутери, а големиот процент на интернет во домаќинствата се должи на либерализирање на пазарот на телекомуникациски услуги.
Тој потсети и на проектите за издавање ваучери за сите апсолвенти и дека за две години, од 2007 година до сега се доделени 22.000 нови уреди и оти значаен фактор е намалувањето на ДДВ цените на компјутерските уреди од 18 на 5 проценти.

Министерот посочи и дека со проектот „Компјутер за секое дете“ досега се инсталирани 55.000 компјутери во сите средни училишта, направена е обука на 12.000 наставници во сите средни училишта и потенцира дека во тек е инсталација на комјутерите во основните училишта и се предвидува обука и за наставниците од основното образование.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top