Промените кои се случуваат во квалитетот на водата ќе се следат директно од брод односно лабораторија која се наоѓа во Преспанското Езеро и ќе бидат анализирани во оваа мониторинг станица. Истата е од големо значење за целиот охридско-преспански слив.
Ќе се следи квалитетот на водата во Преспанското Езеро преку мониторинг станицата во Преспа која ќе има за цел обезбедување на квалитет на водата и во Преспанското но индиректно и во Охридското Езеро.
Според Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, оваа станица е од големо значење бидејќи примероците на вода ќе бидат директно следени со брод односно лабораторија која се наоѓа во Преспанското Езеро и директно анализирани во мониторинг станицата.
„Тие анализи и резултати ќе покажат кои мерки ќе треба во иднина да се преземаат и на преспанската и на охридската страна за да се обезбеди квалитетот на водите. Со помош на швајцарската амбасада, со помош на УНДП како агенција се успеа да се направи оваа мониторинг станица. Тоа е успешен момент за мониторинг на водите во Охридско-преспанскиот слив и веројатно доста добар момент за носење квалитетни одлуки и во иднина.“-вели Паноски.
Станицата е поставена со цел да се подобри зачувувањето на богатата разновидност на природните живеалишта и видовите на сливот на Преспанското Езеро, како едно од најстарите слатководни езера во светот, со уникатен екосистем кој еволуираше во текот на пет милиони години, обезбедувајќи живеалиште за повеќе од 2.000 видови на риби, птици, цицачи и растенија. Опстанокот на овој непроценлив биодиверзитетот директно зависи од квалитетот на водата, која во текот на последните 40 години беше подложена на притисок на подолг сушен период, загадување предизвикано од неодржливи земјоделски практики, вклучувајќи ги и прекумерна употреба на ѓубрива, пестициди и фрлање на отпадот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град