Осум години од потпишувањето на рамковниот договор

Осум години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година се навршуваат денеска.

potpisnici
потписници

Осум години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година се навршуваат денеска.

vila Biljana
Документот со кој се прекинаа вооружените дејствија меѓу безбедносните сили на Македонија и Ослободителна национална армија преставува основа за подобрување на правата на етничките Албанци.

Имплементацијата на некои од точките од Договорот се уште е во тек, решенија за вработување на 290 лица се доделија вчера, како дел од реализацијата на правичната застапеност на етничките заедници во државната и јавната администрација. Меѓутоа, оваа мерка досега не ретко се користела за вработување на партиски кадри, наместо на стручни лица.

Употребата на албанскиот јазик повторно е актуелна, дел од партиите на Албанците, бараат негова целосна употреба во Собранието, како услов за поддршка на законите потребни за позитивен извештај од Европската унија, односно добивање датум за отпочнување преговори за членство.

Осум години подоцна во Македонија се уште има внатрешно раселени лица – 766 Македонци, Срби и Роми, потсети „Зора“, здружението на раселените од Арачиново, еден од симболите на војната, каде во летото 2001 се водеа жестоки борби меѓу македонските безбедносни сили и ОНА.

Рамковниот договор на 13 август 2001 година во Охрид го потпишаа претседателот Борис Трајковски, премиерот Љубчо Георгиевски, претседателите на СДСМ, ДПА и ПДП, Бранко Црвенковски, Арбен Џафери и Имер Имери и посредниците на САД, Џемјс Пердју и на ЕУ, Франсоа Леотар.

Годишнината од Договорот ќе се одбележи вечерва во Маврово со прием во организација на владиниот Секретаријат за имплементација на охридскиот договор, на чие чело е вицепремиерот Абдилаќим Адеми. На приемот е повикан државно-политичкиот врв и дипломатскиот кор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top