Општина Охрид дел од проектот „Спортски бон-тон“

Охрид е една од шесте општини која се вклучи во проектот „Спортски бон тон“ чиј покровител е претседателот на Собранието на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Ivanov
Иванов

Охрид е една од шесте општини која се вклучи во проектот „Спортски бон тон“ чиј покровител е претседателот на Собранието на Република Македонија Ѓорге Иванов.

ивановЦелта на овој традиционален спортски настан е  да се стави акцент на спортот кај младите, кој заедно со семејството и училиштето е третиот столб  на образованието на децата. Преку низа активности ќе се промовира спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се  надминуваат  стереотипите и се  зацврстуваат   меѓуетничките односи во Република Македонија.

Проектот , кој се одржува трета година по ред, е поддржан од Амбасадата на САД. По тој повод  Амбасадорот на САД  во  Македонија  , Пол Волерс истакна дека добриот спортски однос, дружењето, соработката и тимската работа никогаш не излегуваат од мода. Тие се основите на кои се надградуваат победничките тимови и успешните заедници ширум светот.

Во 2013 година проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон)“ беше имплементиран во општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и во Теарце, додека во 2012 година проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“ беше спроведен во општините Тетово, Прилеп, Центар, Старо Нагоричане, Шуто Оризари и во Врапчиште.
Оваа година, проектот Традиционални спортски игри „Спортски бон-тон“ ќе се реализира во периодот од јуни до ноември,  преку спортско-културни манифестации во шесте општини потписнички на меморандумот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top